ДАааааАаааааА! 🥳

Конечно и истражувањата го потврдија нашиот сомнеж кој го имавме уште на почетоците на dobar (пред скоро три години). Теоријата е потврдена: луѓето кои носат интересни и шарени чорапи се сметаат за кул и прекрасни особи!

Бараш потврда? Линк до истражување но,

ќе ти заштедиме време и ќе ти пренесеме во кратки црти. 

Истражувачите на Harvard го истражија проблемот со конформност и како луѓето се перцепирани кога не ги „почитуваат“ одредените стандарди, како на пример нетрадиционален стил во традиционална прилика. Самите автори ја нарекуваат појавата како „ефект на црвени патики“ и тие дојдоа до заклучок дека кога некој самоуверено носи црвени патики во околината со поинакви општествени норми, каде што е очекувано да се носат поинакви чевли, останатите сметаат дека тој човек е брилијатен, креативен, успешен и едноставно кул.

Причината зошто ги обожаваме шарените чорапи е таа доза на кул чувство што го предизвикуваат во себе секој пат кога ќе погледнеме надоле. Таа слика веднаш нè расположува, измамува насмевка и стануваме инстантно покреативни.

Тоа што го носиме на себе влијае на начинот на кој размислуваме, чувствуваме и делуваме. Можеби чорапите се едни од најскриените делови од нашата облека, но кога носиме шарени и „луди“ чорапи, тогаш ја искажуваме нашата уникатност и самодоверба. Се чувствуваме добро и имаме самодоверба да носиме на себе што сакаме, било кога и било каде.

Затоа, движи се со самодоверба и насмеј се секогаш кога ќе погледнеш надоле!

Categories: Uncategorized