Добредојдовте на веб-страната на dobar чорап (www.dobarcorap.com). Користењето на оваа веб-страна подразбира дека вие се согласувате со Условите на користење дефинирани подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно и доколку имате прашања, пишете ни на info@dobarcorap.com.

Ние може повремено да ги менуваме и дополнуваме овие услови за користење за да ги содржат нашите најнови практики во насока на додавање нова функционалност, услуга или опција на нашата веб-страна.

Со цел да го минимизираме ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци на купувачите, ние ги преземаме сите заштитни мерки за заштита на истите преку имплементација на законските и подзаконските прописи за заштита на податоци на Република Северна Македонија.

Кога ја посетувате нашата веб-страна, ние ги обработуваме личните податоци за идентификација и контакт информации, само доколку вие доброволно и со согласност ги споделите преку процесирање на нарачка на нашата веб-страна со цел да ги користите нашите продукти и услуги.

Со внесување на вашата електронска пошта, вие се согласувате да добивате повремени известувања за нови продукти и промотивни понуди. Во било кое време може да се отчлените од услугата за добивање на овие електронски пораки.

За употреба на оваа веб-страна, како предуслов вие се согласувате дека:

  • Имате најмалку 18 години
  • Сте во можност да направите правна обврска
  • Немате законски забранет пристап да користите одредени производи или услуги
  • Нема да се обидете ниту да направите било какво дејство врз оваа веб-страна за екстракција на информации од истата како crawlers, robost и други алатки
  • Користењето на веб-страната од ваша страна ќе биде во секое време во согласност со овие Услови на користење
  • Ќе правите легитимни нарачки кои се во согласност со условите
  • Ќе правите нарачки само за ваша лична употреба или за подарок на пријатели
  • Ќе обезбедите точни информации за вас во било кое место на веб-страната каде оставате податоци

Ние (dobar чорап) го задржуваме правото да одбиеме давање на услуга или пристап на веб-страната на било кое лице, во било кое време, поради било која причина. Нашата веб-страна е достапна 24 часа/7 дена во неделата, но може да биде недостапна од време на време поради рутински одржувања, без ограничување.

Сите интеракции со нашата веб-страна мора да се во согласност со овие Услови на користење. Доколку забележиме дека вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од веб-страната, може да го ограничиме вашето користење и пристап на веб-страната.

Активности кои се забранети на оваа веб-страна и претставуваат кршење и непочитување на Условите за користење се следните:

  • Ги прекршува применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на) закон за интелектуална сопственост, закони и подзаконски акти за заштита на лични податои и закони кои се однесуваат на клевета
  • Лични податоци, освен ако ние не ги побараме од вас таквите информации на јасен и експлицитен начин
  • Активности поврзани со вирус или софтвер кој може да наштети
  • Можност за преземање на заштитени, доверливи и лични податоци
  • Активности кои содржат пораки од неовластени лица од Dobar Corap кои наводно зборуваат или даваат доверливи информации во име на Dobar чорап
  • Логирање  на сервер или профил кои не се овластени за пристап до податоци
  • Следење или скенирање на веб-страната во насока на собирање податоци за продажба, продукти, информација за цени или слично
  • Скенирање или тестирање на безбедноста и конфигурацијата на веб-страната и методите на автентикација

Производ

Под производ, Dobar чорап подразбира мистериозна кутија од 5 или 1 пар на чорапи која е внимателно подготвена и спакувана во еколошка кутија која не ја загадува животната средина при нејзин распад. 

Концептот на dobar чорап е испорака на mysterybox со чорапи направени од квалитетен памук и колоритен дезен.

Под поимот „mysterybox“, вие се согласувате дека нарачувате кутија со чорапи во која немате никакви ингеренции и овластувања за посебни побарувања за шарата и/или дезенот на чорапите кои се внатре. 

Нарачка на производ

При согласност со условите за користење на нашата веб-страна, вие сте овозможени да направите нарачка за нашите производи преку електронската форма достапна на веб-страната. При пополнување на формата, нас ни се потребни следните податоци, со цел да може да се процесира нарачката и доставата:

  • Име и презиме
  • Адреса на живеење
  • Град
  • Поштенски број 
  • Електронска пошта
  • Телефонски број

При процесирање на нарачката постои можност овластено лице од Dobar чорап да побара на телефонскиот број наведен при пополнување на формата доколку не се наведени сите потребни податоци за да се превенираат проблеми поврзани со доставата.

Достава, наплата и враќање на производите

Доставата е достапна на територија на Република Северна Македонија и изнесува 150 денари.

Откако ќе биде процесирана вашата нарачка, доставата до вашата адреса наведена во формата ќе биде во рок не подолг од 14 дена.

Тимот на Dobar чорап е секогаш посветен на навремена и брза испорака, меѓутоа доставата зависи од повеќе фактори како карго-превозникот, вашата локација, временските услови, вашата достапност во терминот контролиран од карго-превозникот и слично.

Доставата може да доцни само во услови како:

  • Екстремно лоши временски услови
  • Состојба на елементарна непогога
  • Новогодишна вечер, Божиќ и Велигден и други државни празници/неработни денови
  • Официјална криза на локално или државно ниво

Проценката за нормалноста на условите за достава ја одлучува Dobar чорап во соработка со одговорната компанија за достава.

Наплатата се извршува при самиот чин на примање на производот, односно при испорака на кутијата до вашиот дом на наведената адреса при пополнување на формата за нарачка.

Враќањето на производите при испорака и оспорување или одбивање на наплатата на лице место при испорака не е дозволено.

Овие услови за користење се последно променети на: 20.11.2023

Dobar чорап
ТЕ-КО ДООЕЛ КИЧЕВО
Ул. Мирко Милески, бб, Кичево, 6250, МК
Контакт мејл: info@dobarcorap.com

кошничка0
нема внесени кутии
додај уште кутии
0