Достава

Вообичаеното време за достава на најинтересните чорапи до твојот дом, било каде во земјава, е од 2 до 7 денa.

За експресно брз dobar подарок, пишете ни на некој од нашите социјални медиуми на Facebook или Instagram или испрати мејл на info@dobarcorap.com oткако ќе ја направиш нарачката тука.

Тимот на dobar ќе се потруди доставата да биде во најбрз можен рок.

Општо

Шарени чорапи се секогаш одличен подарок што секој ќе го направи среќен!

Нарачката за подарок можеш да ја направиш на нашите социјални медиуми на Facebooк и Instagram или тука на веб-страната при што ќе ни ја наведеш адресата за достава и контакт телефон од примателот на кутијата, покрај стандардните информации за тип на кутија и приближна големина на чевли.

Доколку сакаш да испратиш и персонализирана честитка во кутијата со шарени чорапи, пиши ни ја содржината во порака на социјалните медиуми или на info@dobarcorap.com и ние ќе ја подготвиме истата.

За останати информации околу плаќањето, определено време за достава и друго, пиши ни во порака.

Брзо и едноставно, пополни ја формата за нарачка тука и мистериозната кутија со чорапи е веќе на пат до адресата за достава.

Сѐ што треба е да избереш кутија за машко или женско, број на чевли (приближно ако е подарок) и колку пара шарени чорапи да има внатре.

Доколку кутијата ти е за подарок и сакаш да има персонализирана порака внатре пиши ни во порака на нашите профили или испрати ја содржината на info@dobarcorap.com и ние ќе ја напишеме истата и ставиме во кутијата внатре.

На нашите социјални медиуми на Facebooк и Instagram ѕирни какви дезени на чорапи можеш да очекуваш во нашиот mysterybox.

Во една таинствена, eco-friendly кутија се кријат најшарени чорапи на светот направени од најквалитетен памук и нежни органски бамбус влакна. Toa e dobar чорап и можеш да го нарачаш со еден клик тука.

Посети ги нашите профили на Facebook и Instagram и ѕирни што можеш да очекуваш во секој mysterybox.

Продукт

Нашиот dobar чорап е направен од внимателно избран и квалитетен памук кој овозможува неверојатно лесно и удобно чувство при нивно носење. Докажаниот квалитет гарантира поголемо времетраење на чорапите мерено во години!

Покрај стандардниот материјал, одредени модели на чорапите се направени од 80% бамбус, не задржуваат влага и имаат антибактериски дејства. Плус, чорапите од бамбус се совршено нежни и меки, создадени од екстра растеглив материјал и антистатичко дејство.

За повеќе информации или нарачка посети ги нашите профили на Facebook и Instagram или нарачај со еден клик тука.

кошничка0
нема внесени кутии
додај уште кутии
0